ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставен, бараат пасошите и возачките дозволи да важат и по 12 февруари
До Уставниот суд поднесовме претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5) двата објавени во „Службен весник “ на 03.06.2021 година, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително, во двете претставки се бара Уставен да донесе и решение за времена мерка, односно да се запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се до одлучувањето дали се тие уставни или не.
„Со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12-ти февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи, само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се променети, всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови“, истакна Стоилковски.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
