Македонските ракометари се преселија во Берлин пред дуелите со Германија и Швајцарија
Ден по натпреварот против Франција со кој беше отворено 16 Европско првенство, македонските ракометари од вечерва се стационирани во новата база во Берлин пред двата претстојни натпревари во рамки на групата А.
Македонските ракометари вчера загубија од Франција со 29-39, а попладнево со воз пристигнаа од Дизелдорф во Берлин каде ќе ги продолжат настапите на завршниот турнир чиј домаќин е Германија.
Следен противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде домаќинот, в недела со почеток во 20:30 часот во „Мерцедес – Бенц Арена“ во Берлин‘, а во истата сала, на 16 јануари, ќе играат против Швајцарија во завршното коло во групата А.
Германија вчера пред рекорден број од 53.586 гледачи во Дизелдорф ја совлада Швајцарија со 27-14.
Пласман во следната фаза од Групата А ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
Ново на Сител
-
Укината забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на Маврово
-
Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови
-
Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
-
Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника
-
Посебен режим на сообраќајот поради тридневна посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција
-
Во Хрватска ден на жалост
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна