Во Албанија прв смртен случај од грип, епидемиолошката состојба се влошува

Епидемиолошката состојба во Албанија почна да се влошува, бидејќи циркулираат грип, Ковид-19 и многу вируси, објави Топ чанел.
Според истиот извор забележан е првиот случај на загуба на живот како последица на грип. Станува збор за повозрасен маж од јужниот град Ѓирокастро.
-Седумдесетгодишниот маж се јавил во болницата во Ѓирокастро со симптоми на грип, треска, проблеми во белите дробови. Но, неговата здравствена состојба се влошила по што бил препратен во Инфективната болница во Тирана, каде што пристигнал интубиран. Но и покрај напорите на лекарите, починал, додава телевизијата.
Епидемиолошката состојба, како што потврди Институтот за јавно здравје, почна да се влошува кон крајот на минатиот месец, кога почнаа да се зголемуваат случаите на грип и на Ковид-19.
На неделно ниво имаше регистриани по 11 илјади случаи на респираторни инфекции, но според Институтот, бројот на заразени бил поголем, бидејќи „многу луѓе не се јавуваат на лекар, а дел се третираат со терапија дадена за член на семејството“.
Сега, бројот на неделно ниво, е поголем за најмалку 2.000 заразени од грип и Ковид-19 и истиот постојано се зголемува, поради што надлежните апелираат повозрасните граѓани да се имунизираат против грип, а сите да избегнуваат собирања.
Ново на Сител
-

Сомнеж за труење со храна во ТИРЗ Штип, вработени побарале лекарска помош
-

НАСА на 9 јуни ќе го претстави екипажот за „Артемис 3“
-

Одредени селекторите на македонските младински кошаркарски репрезентации
-

Стабилно и посвежо време до сабота, од недела повторно пораст на температурите
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс: Без тесни и куси здолништа, гол стомак, шорцеви, влечки, при вадење лични документи
-

Спотифај воведе нова опција
