Седум загинати во Пакистан во напад на тим за вакцинација против детска парализа

Седум лица загинаа во Пакистан во бомбашки напад врз здравствените работници кои вакцинираа против детска парализа.
Полицаецот кој беше тешко ранет во вчерашниот бомбашки напад во северозападен Пакистан почина денеска во болница, со што бројот на загинати во нападот, за кој одговорноста ја презедоа пакистанските талибанци, се искачи на седум.
Во соопштението на полицијата се наведува дека најмалку тројца полицајци останале во критична состојба по нападот во областа Мамунд, поранешно упориште на пакистанските талибанци во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.
Одговорноста за нападот веднаш ја презедоа пакистанските талибанци.
Меѓутоа, во друго тврдење доцна синоќа, групата Исламска држава ги обвини пакистанските талибанци дека лажно ја преземаат одговорноста за бомбашкиот напад.
Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот каде се уште владее епидемијата на полио.
Исламските милитанти често ги напаѓаат тимовите за вакцинација и полицијата задолжена да ги заштити, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се заговор на Западот за стерилизирање на децата.
Вакцинацијата во Мамунд денеска е прекината.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
