Честитка по повод Божик од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
До Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Ваше Блаженство,
Со особено задоволство и чест Вам и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на верниците на Македонската православна црква во земјата и во странство, од името на членовите на Социјалистичката партија на Македониија и од мое лично име Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот христијански празник, Христовото раѓање Божик, посакајќи во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови.
Овој голем празничен ден е можност уште еднаш да се истакне благородната мисија на нашата древна Македонска православна црква во зачувувањето на богатото историско и културно благо и традиција, возобновувањето на вистинските духовни вредности и културната особеност на македонскиот народ, мисија за мир, трпение, заедништво и разбирање помеѓу луѓето.
Како било до сега, така да биде и понатаму зошто нашата Света Македонска православна црква го крепи духот на нашиот кроток македонски народ внимавајќи да не потклекне пред редизвиците и лажните искушенија.
Ваше Блаженство,
Прославувајќи го Христовото раѓање ги славиме мирот и радоста, љубовта и разбирањето, вербата и надежта, помагањето и дарувањето, заедништвото и помирувањето. Затоа сме благодарни на Христовата милосрдност и бескрајна љубов.
Со овие богоугодни мисли длабоко во срцата на сите верници ќе се вселат мирот и спокојството исполнети со топлина во душата и милост со чувството на безусловна љубов, искрена прегратка, почит и гржа кон ближните.
Нека е честит Божик и за многу години.
Христос се роди!
Љупчо Димовски - Претседател на Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
