Македонија
2. January 2024 - 16:08

Ловџија со пушка ранил маж од Македонска Каменица

Со ловечка пушка му нанел прострелни рани, приведен ловџија.

- На 01.01.2024 полициски службеници од Македонска Каменица го лишиле од слобода Д.С.(57) од Македонска Каменица, затоа што, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј.(39) од Македонска Каменица, додека бил на лов со повеќе лица во с.Пресека, кочанско, соопштија од МВР.

По документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.