Дванаесеттиот протест на СПН заврши со кампување на студентите на Кнез Милош
Поддржувачите на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва го одржаа својот дванаесетти протест пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), а го завршија на крстосницата Кнез Милош и Бирчанинова, со цел да ја изразат својата поддршка за групата студенти „Борба“, кои на тоа место спроведуваат дваесет и четиричасовна сообраќајна блокада.
На крстосницата со Кнез Милош продолжува студентската блокада.
Кандидатот за градоначалник на СПН Владимир Обрадовиќ пред РИК изјави дека граѓаните на Србија имаа катастрофална година полна со трагедии и оти верува дека 2024 година ќе донесе подобрување. Тој смета дека опозицијата го постигнала најдобриот резултат во последните 10 години и оти белграѓани рекле дека не го сакаат Александар Шапиќ за градоначалник. Обрадовиќ побара поништување на изборите и организирање на нови во, како што наведе, подобра и, како што рече, подемократска атмосфера.
Радомир Лазовиќ ги повика граѓаните вечерва да им се придружат на студентите, а утре од 12 часот на протестот организиран од „Проглас“, со цел, како што наведе, заеднички да се изборат за поништување на изборите и организирање на нови, а особено уредувањето на избирачките списоци што според него е основен услов за поквалитетни избори.
Тој повтори дека нивната борба ќе оди во три правци, преку институции, меѓународна поддршка и привлекување на вниманието на јавноста преку протести.
Групата студенти и млади активисти „Борба“, која денеска ја блокираше крстосницата на Кнез Милош и Бирчанинова, испрати писмо до европските институции и други меѓународни организации, во кое ги информира за причините за протестот, но и за барањата што ги имаат кон домашни институции и меѓународни тела.
Групата „Борба“ бара од европските институции да не го признаваат легитимитетот на изборите на сите нивоа, како и покренување меѓународна истрага под покровителство на ОБСЕ, Советот на Европа и институциите на Европската унија за изборни нерегуларности, што би довело до услови за некои идни, како што се наведува, фер и легитимни избори.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Валандово
-
Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин
-
Процедурата е во тек, го чекаме исходот во секој момент, вели Филков за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ
-
Фјури за борбата со Усик: Ова е најдобриот противник со кој сум се борел
-
Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс
-
Подигнати 60 метри кубни од диви депонии во општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир
-
Вучевиќ: Крајната цел на опозицијата е со револуција да дојде на власт
-
Чаби Алонсо: Сега имаме 10 бода, три натпревари пред нас и се е во рацете на Баер