Крвава семејна драма во Челопек со двајца убиени
Крвав крај на кавга за парче земја. 60 годишен жител на тетовско Челопек застрела свои роднини. Уби татко и син, а тешко го повредил нивниот брат и чичко. Крвавата семејна драма се одиграла попладнево 10тина мин по 14 часот.
По кратката расправија пред домот на Фарук и Муамедим, нивниот братучед Илми ги застрелал со пиштол. Пукал и кон нивниот брат и чичко, но истрелите од пиштолот не биле смртоносни. Кратко по крвавата трагедија приведен е сторителот на двојното убиство. Од полицијата велат дека и тој имал повреди од огнено оружје.
Жителите на Челопек зад камерата на Сител сведочеа дека подолг период имало нетрпеливост меѓу братучедите. Денеска ја завршија со крвав крај. Нивните роднини сведочат дека убиените живееле во Швајцарија и Германија, а во земјава биле дојдени празнично.
Сторителот на двојното убиство пак не бил единствениот од потесното семејство кој со оружје ги решавал проблемите. Пред околу 30 години и неговиот татко застрелал човек од Челопек.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар