Македонија
23. December 2023 - 21:16

Петардите се опасни

Во светот над 150 000 лица секоја година остануваат хендикепирани поради употреба на експлозивни материјали. 80% се млади под 18 години кои повредите ги стекнале за време на новогодишните празници. Повредите од пиротехнички материјали не се ништо ново и кај нас. Искуствата на лекарите покажуваат дека секоја година за време на празничниот период имаат интервенции од овој вид.

Со цел да ја подигнат свеста кај младите за негативните последици од употреба на петарди Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје во соработка со МВР реализираат серија предавања  во повеќе средни училишта во југоистокот од државата. Под мотото „Петарди НЕ, безбедност пред се“ младите се информираат за ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, но и предвидените законски санкции.

Неовластените продавачи, но и граѓаните  кои со употреба на петарди или друг вид  пиротехника го нарушуваат јавниот ред и мир може да се соочат со високи парични казни.  За потешките дела законот предвидува и казна затвор од неколку години.