Македонија
22. December 2023 - 16:34

Со нови камери ќе се ловат прекршоци, казните на домашна адреса

За вакви но и сите видови сообраќајни прекршоци, казните ќе стигнуваат на домашна адреса со видео доказ. Со новите камери на сејв сити ќе се регистрира секој прекршок во сообраќајот.

По скокпските улици се монтираат нови камери кои ќе снимаат но и ќе мерат брзина на движење на возилата. На социјалните мрежи кружат пораки со предупредувања до граѓаните дека камерите веќе снимаат и ќе се казнува веднаш. Овие информации ги демантираат од МВР и велат точно е дека се надградува системот безбеден град, но камерите се уште не се во функција.

Откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. По завршување на сител потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста.  

Граѓаните се согласни дека безбедноста треба да биде примарна и сметаат дека камери треба да има насекаде.

Нов видео надзор се поставува пред раскрсници но и семафори каде веќе има камери. Поголеми, со подобра резулуција и можност за видео доказ преку кој точно ќе се утврдува регистрација на возилото. На тој начин, полицијата брзо и ефикасно ќе ги санкционира сите кои ја нарушуваат безбедноста. Ваков тип на камери освен во главниот град, се поставуваат во Куманово, Штип, Тетово и ќе има во сите поголеми градови но и на автопатиштата.

Ваков тип на камери за безбедност има насекаде во регионот и таму на возачите им стигнува казната на домашна адреса, а странските државјани мора да платат на граница за да можат да излезат од државата.