-->
-->
Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи
-->
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а за 0,4 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември лани, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти, додека во групата Енергија цените се останати на исто ниво.
Во споредба со јануари 2015, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2 отсто, Енергија за 0,6 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера