Во Србија денеска се организираат републички и покраински и избори
Во Србија денеска се одржуваат парламентарни избори и избори за пратеници во Собранието на Војводина, како и локални избори во 65 општини и градови, вклучувајќи го и Белград.
Ова се 14-ти парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем, а дури деветти вонредни. Правото на глас можат да го остварат 6. 500. 666 запишани избирачи на 8.
273 избирачки места низ целата држава. Избирачките места утринава се отворени во 7 часот, а доколку нема некои прекини ќе бидат затворени во 20 часот.
На парламентарните избори во Србија учествуваат 18 изборни листи, со предложени вкупно 2. 817 кандидати за 250 пратенички места.
За 120-те пратенички места во Собранието на Војводина се натпреваруваат 13 избирачки листи, а за 110-те советнички места во Собранието на Белград ќе се натпреваруваат 14 изборни листи.
Косовските Срби ќе гласаат на избирачки места во јужниот дел на централна Србија – во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.
Лицата кои на денот на гласањето отслужуваат воен рок, воена обука или обука во единици или институции на Вооружените сили на Србија, можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места во повеќе општини.
Во институциите за извршување на кривични санкции ќе бидат отворени 29 избирачки места, а запишани се 8. 543 гласачи.
Српските државјани кои живеат во странство можат да гласаат во 35 земји на 81 избирачко место, а регистрирани се 39. 270 гласачи.
Поради разликата во временските зони гласањето во САД, Канада, Португалија и Велика Британија се одржа вчера. Изборите ќе ги следат рекордни 5.
587 набљудувачи, а тоа се девет домашни здруженија и 25 меѓународни организации и странски држави.
За една изборна листа да може да влезе во собранието и да освои пратенички мандати потребно е да го помине прагот од три проценти, а во распределбата на мандатите учествуваат и партиите и коалициите на националните малцинства и доколку освојат помалку од три проценти.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи