Орбан го блокираше договорот на ЕУ за финансиска помош за Украина
Унгарија го блокира договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата, а лидерите на ЕУ одлучија да се вратат на дискусија во јануари.
Тоа го изјави холандскиот премиер Марк Руте кој прецизира дека 26 земји од ЕУ се согласиле да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија била против тоа, а потребна е едногласна одлука.
„Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во следните неколку недели“, изјави Руте додека ги напушташе разговорите. „Се договоривме со 26 земји.
Виктор Орбан, Унгарија, се уште не можеше да го стори тоа. Сосема сум уверен дека можеме да постигнеме договор на почетокот на следната година, околу крајот на јануари“, рече Руте.
Неколку дипломати изјавија за ДПА дека Орбан ги спречи лидерите на ЕУ да постигнат договор за пакетот финансиска поддршка.
На социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, Орбан напиша дека лидерите на ЕУ ќе го разгледаат договорот повторно следната година „по соодветна подготовка“.
Одлуката за нов пакет помош за Украина беше отежната поради фактот што продолжувањето на финансиската поддршка за Киев е дел од законскиот предлог за опсежна ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ.
Европската унија работи со седумгодишни буџет – системи, а сегашниот заеднички буџетски период е до 2027 година.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
