Законот за нефер трговски практики следната недела во Собрание, најави Бектеши
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува инфлацијата да продолжи да се намалува, а согласно анализите што се при крај, ако е потребно, како што најави денеска, ќе бидат продолжени мерките на Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање Бектеши апелира во Државниот пазарен инспекторат да се пријават евентуални злопотреби на гарантираните цени во пресрет на празниците. Соопшти дека е подготвен законот за нефер трговски практики и оти најверојатно ќе биде испратен во Собранието следната недела.
-Инфлацијата од пред два месеци е под 5 отсто и вкупната инфлација и во делот на храната и во пијалаците ќе биде во тренд на намалување и во континуитет. Веќе сме при крај со анализите. Ако е потребно ќе ги продолжиме мерките. Веќе е подготвен законот за нефер трговски практики, добиени се мислење од релевантните институции, чекаме и мислење конкретно од Секретаријатот за законодавство по што треба да се направат коресподентни табели заради тоа што е со европско знаме за да оди така во Собрание и најверојатно наредна недела ќе биде пратено во Собрание каде што ќе биде усвоено. Имајќи во предвид дека е со европско знаме не верувам дека ќе му треба на Собранието повеќе од две недели за да биде објавен во „Службен весник“ и да почне да се применува, изјави Бектеши.
Тој уверува дека нема никаква можност гарантираните цени на прехранбените производи да бидат зголемени од страна на трговците.
-Пазарите, за жал, не влегуваат зашто не се уредени со законско решение како трговци, уредени се со други закони. Имавме иницијатива да имаме закон за зелени пазари во државава, но имаше протести и тоа се одложи, со барање на стопанските комори во делот на трговија на мало и трговија на големо во делот на ланците на супермаркети. Производите со гарантирана цена не можат да се зголемат. Во случај ако граѓаните и вие како медиуми утврдите дека се злоупотребува гарантираната цена пријавете во ДПИ, а тие веќе имаат искуство, знаат што следи, изјави Бектеши, по учество на настан по повод 10 години Фонд за иноваци и технолошки развој.
Според него, антикризните мерки што ги најави Владата, ќе влијаат позитивно во зачувување на животниот стандард на одредени категории граѓани, вклучувајќи ги студентите, основците, средношколците, а посебно на пензионерите. Преку мерките од страна на Македонската банка за развој, пак, како што рече, ќе се вбризгуваат средства и во индустријата за да можат да направат дополнителни инвестиции со кои ќе креираат нови работни места и ќе ја зачуваат ликвидноста.
Ново на Сител
-

Приведени 22 возачи за „безобѕирно управување возило“, 13 возеле без положен возачки испит
-

Артилериска граната пронајдена кај битолското село Меџитлија
-

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
-

Сиљановска Давкова: Галичка свадба привлекува сѐ повеќе посетители од земјата и од странство, останувајќи еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
