Продолжува генералниот штрајк на синдикатот на Државниот испитен центар

Синдикатот на Државниот испитен центар денеска соопшти дека го продолжува генералниот штрајк, кој беше ставен во мирување во мај оваа година.
-Вработените во ДИЦ излегоа во пресрет на матурантите и во многу кратки рокови со натчовечки напори ја реализираа навремено и успешно државната матура како и другите процеси и активности во надлежност на ДИЦ. Надлежните институции кои беа задолжени да најдат решение за нашиот долгогодишен проблем со платите потфрлија, се вели во соопштението на СОДИЦ.
Оттаму потенцираат дека во овие седум месеци откако штрајкот беше ставен во мирување, ДИЦ беше во континуирани преговори со Министерството за финансии при што беа предложени и доставени на одобрување повеќе можни решенија, но ниту едно не беше прифатено.
Како што информираат, активности кои се спроведуваат во овој период во ДИЦ, а чија реализација ќе биде доведена во прашање се стручниот испит за наставници и стручни соработници (пријавени 700 кандидати), основната обука за кандидати за директори, напредните обуки за директори, меѓународните тестирања.
-Доколку овој проблем не се реши повторно ќе биде доведена во прашање и државната матура која со своите активности започнува од 1.1.2024 година. Однапред им се извинуваме на сите лица кои ќе имаат потреба од услугите на Државниот испитен центар а кои со штрајкот ќе им бидат ускратени, потенцираат од СОДИЦ.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
