Новата песна на Тејлор Свифт може да помогне да се спасат животи на луѓето

Песна на Тејлор Свифт може да помогне да се спасат животи на луѓето, велат експертите.
Американското здружение за срце ја прогласи песната „You’re Losing Me“ за совршена за изведување на кардиопулмонална реанимација (CPR), техника која спасува животи и е корисна во многу итни случаи каде што нечие срце престанало да работи.
Има 103 отчукувања во минута, што се смета за вистинско темпо за рестартирање на срцето со компресија на градниот кош.
Објавена минатиот месец, песната на 33-годишната Тејлор дури ја вклучува и репликата: „Не можам да најдам пулс, срцето нема да ми почне“.
На луѓето кои ќе видат некој кој има потреба од CPR им се препорачува да се јават на 911 и да го масираат срцето со ритамот на песната.
Во моментов, „Stayin’ Alive“ на Bee Gees е најпопуларната песна за CPR, но песната на Тејлор би можела да стане новата химна за прва помош.
Други песни со 103 отчукувања во минута се „S Club Party“ од S Club 7 и „Don’t Get Me Wrong“ од The Pretenders.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
