Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола со меѓународен проект за социјално претприемништво
Универзитетот „Св.Климент Охридски“(УКЛО)-Битола на покана на Институтот за претприемништво и иновација од Факултетот за бизнис и економија од Виена ќе учествува во доделувањето на меѓународната награда за социјално претприемништво.
Станува збор за натпревар за креативни идејни решенија во доменот на социјалното претприемништво меѓу студентите, а нашата мисија со наградата е да промовираме знаење и пракса за социјалното претприемништво меѓу студентите во Европа, информираат од УКЛО-Битола.
- Сите студенти кои имаат идеја и сакаат да постават идејно решение за одреден социјален или општествен проблем на иновативен начин преку проекти, може да аплицираат за наградата. Организациите може да решаваат проблеми врзани за голем број на теми, како на пример намалување на сиромаштијата, подобрување на здравствени услуги, екологија, оддржливо трошење на енергија, човекови права, еднакви права за сите. Од суштинско значење е идејата навистина да решава конкретен проблем евидентен во општеството, посочуваат од УКЛО-Битола.
Конкурсот за наградата за социјално претприемништво - Македонија 2015 е отворен до 27. април, а по затворањето на конкурсот, најдобрите десет идеи ќе имаат можност да поминат процес на инкубација и менторство. Доделувањето на наградите ќе се одвива на посебен гала настан, кога ќе бидат доделени наградите од 3.000 евра за првото место, 2.000 евра за второ место, 1.000 евра за трето место, како и посебна награда од заедницата.
- Кандидатите за наградата за социјално претприемништво 2015 треба да се студенти запишани во тековниот семестар од академската 2015/2016 на било кој универзитет во Македонија, државен или приватен, кои имаат своја идеја за проект или бизнис со фокус на одреден социјален проблем. За наградата може да аплицираат и тимови во кои е потребно најмалку 50 насто од членовите на тимот да бидат студенти на некој од универзитетите ширум земјава. Избраните десет најдобри идеи за наградата за социјално претприемништво се очекува интензивно да ги развиваат своите идејни решенија за социјален бизнис во текот на месеците јули, август и септември. Победничките тимови ќе бидат прогласени во септември и ќе земат учество на работилница во Виена која е планирана да се оддржи во октомври, потврдуваат од УКЛО-Битола.
Оценувањето на победничките идеи за наградата за социјално претприемништво - Македонија 2015 ќе се одвива низ три фази и низ три носечеки критериуми како што се социјално влијание на проектот, иновативност и планирање на самиот проект.
Ново на Сител
-
Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада
-
Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии