Скопјанец осомничен за недозволено држење оружје и насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.
- Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените и го удрил со шлаканица по лицето, се наведува во денешното соопштението од Обвинителството.
Истрага, како што е посочено во соопштението, е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
-

Девет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 година
-

Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје
-

До петок без блокади на граничниот премин Евзони
-

Париз повикува на претпазливост за новогодишната ноќ поради тероризам и банди
-

Минусни утрински температури, најстудено на Попова Шапка
