Петкратно убиство во куќа во Вашингтон, меѓу загинатите и осомничениот убиец

Пет лица загинаа во пукање во куќа во државата Вашингтон на крајниот северозапад на САД. Полицијата потврди дека меѓу загинатите е и осомничениот убиец, јавија локалните медиуми.
Локалната телевизиска станица КГВ8-ТВ објави дека Канцеларијата на шерифот на округот Кларк соопштила дека полицајците ги пронашле телата во домот во Орчардс, Вашингтон, во неделата по дојава за пукање што била примена во 13 часот.
Според Канцеларијата, член на семејството добил СМС порака од лице во домот во која пишувало дека таму има повредени луѓе, а откако ја добиле таа информација, полицијата го пребарала домот со дрон и видела неподвижни човечки тела.
Поради закана со огнено оружје бил активиран Регионалниот полициски тим за итни случаи (SWAT), а припадниците на SWAT влегле во куќата со итна медицинска помош, но биле пронајдени само безживотните тела на пет лица, јави локалната полиција.
Од Канцеларијата на шерифот потврдија дека веруваат дека во овој случај се работи за убиство и самоубиство.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
