ЦУК: Во изминатото деноноќие евидентирани се неколку пожари во населени места
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека во изминатото деноноќие евидентирани се неколку пожари во населени места, доколку пак пожари на отворено не се регистрирани. Според последниот дневен извештај на ЦУК, на единствениот број за итни случаи 112 добиени се вкупно 1.894 повици, дел од нив биле итни случаи.
Регионалните Територијални противпожарни единици ТППЕ на Битола, Охрид и Крива Паланка интервенирале во неколку пожари во населени места. Пожари на отворено, не се регистрирани, но имало пожари во населени места.
-Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола, во период од 16:00 до 16:50 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено патничко моторно возило на ул.„Борис Буџевски“ бр.1 како и во периодот од 14:00 до 17:00 часот, 2 пожарникара со 1 пумпа интервенирале на испумпување на вода од подрумот на хотел „Театар“ во Битола. Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 09:15 до 09:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на опожарено патничко моторно возило кај спортската сала Билјанини Извори.
РЦУК – Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Крива Паланка, во период од 22:39 до 23.45 часот, интервенирале на запален оџак од станбена зграда во близина на ООУ „Јоаким Крчовски“. Во гаснењето на пожарот интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило., стои во соопштението на ЦУК.
Според распределбата, согласно природата на настаните, преку ЦУК кон Полиција биле упатени 58,14% од повиците, кон Итната медицинска помош 32,95%, кон пожарникарите биле упатени 3,88%, додека пак кон АМСМ 0,39%. Кон Центарот за управување со кризи имало 4,65% од повиците за итни случаи што се за комбинирано решавање.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
