Бизнис
26. February 2016 - 8:43

Дебата за нова национална стратегија за развој на туризмот

Во организација на Министерството за економија денеска ќе се одржи дебата за националната стратегија и акциски план за развој на туризмот во Македонија за 2016-2021 година.

На дебата е најавено учество на претставници на институции, здруженија на туристичките работници и на локалните самоуправи.

Предлог документот за стратегијата ќе го презентира Кристофер Хинтенгер, експерт за туризам и координатор на проектот за изработка на стратегијата.