Лавров: Блинкен, а не јас, го избегна состанокот
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска на прес-конференција на маргините на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, која се одржува паралелно со третата сесија на состанокот изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а не тој, го избегнал состанокот со него.
-Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров...Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија, изјави Лавров.
Блинкен присустуваше на неформалната вечера на лидерите, која се одржа во средата, но не беше тука на официјалното отворање на Министерскиот состанок, на кој САД се претставени од помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан. Американскиот државен секретар по Скопје, како што соопшти Стејт департментот замина за Израел, а во земјава оствари средби со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.
Лавров смета дека има целосен пад на се што е креирано од ОБСЕ и оти има деградација на сите димензии на Организацијата - безбедносни, дипломатски, економски и цивилни,
Според Лавров, европските колеги не извлекле никаква поука и дека над 90 проценти од сите говори на пленарната сесија биле потврда на тоа.
- Гледам како се прават напори за продолжување на ваквата агонија. Што ќе се добие со продолжување од неколку месеци, шест месеци или година, рече Лавров на пресконференцијата.
Според Лавров, негов впечаток е дека нема шанса за спас на ОБСЕ.
- Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија, изјави Лавров.
Голем медиумски интерес предизивка пресот на рускиот министер за надворешни работи, кој се одржа паралалено со третата пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ.
Според информации на маргините на состанокот во Скопје, Лавров нема да присустува на завршната сесија на Министерскиот совет, на која треба треба да се донесат одлуките за функционирањето на ОБСЕ.
Говорот на Лавров вчера на Министерскиот совет предизвика реакции кај останатите делегации. Некои од нив ја напуштија салата уште пред почетокот на обраќањето на првиот руски диломат, кој по завршувањето на долгиот говор ја напушти салата, а данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, откако си замина прокоментира дека Лавров бара дијалог, но тој не може да се води во негово отсуство.
Ново на Сител
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар
-
Аеродромите во руските градови Сочи и Казањ привремено затворени од безбедносни причини
-
Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
-
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад