-->
-->
МВР на Србија потврди дека полицијата била информирана за заканата со бомби во возила на јавниот превоз во Белград
-->

Од службата за информирање на Министерството за внатрешни работи на Србија за Бета потврдија дека денеска околу 10:30 часот полицијата била известена дека до ЈКП „ГСП Београд“ пристигнала порака по електронски пат дека во нивни возила се поставени „експлозивни направи“.
Во таа служба истакнаа дека контрадиверзантските единици веднаш излегле на терен и дека се проверува заканата.
Од службата за информирање не прецизираа за колку возила и за кои градски транспортни линии се однесува заканата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
