Средба на директорите на ЦИА и Мосад со премиерот на Катар посветена на примирјето во Газа
Шефовите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и на израелската Мосад вчера во Доха се сретнаа со катарскиот премиер за да разговараат за понатамошните чекори по дводневното продолжување на примирјето меѓу Израел и палестинската група Хамас, јави Ал Џезира. Директорот на ЦИА Вилијам Барнс и Дејвид Барнеа, шеф на разузнавачката служба Мосад, разговараа со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани, еден ден откако Доха објави дводневно продолжување на првичното четиридневно хуманитарно примирје во Газа.
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс беше во Доха „на состаноци за конфликтот меѓу Израел и Хамас, вклучително и дискусии за заложниците“, изјави неименуван американски функционер.
Инаку, Катар, каде се наоѓаат неколку политички лидери на Хамас, ги води преговорите меѓу палестинската милитантна група и Израел.
На средбата, официјалните лица разговарале за можните параметри од новата фаза од договорот за прекин на огнот. Исто така, се посочува, разгледале што е потребно за да се постигне прекин на огнот кој би траел повеќе од неколку дена.
Пред тој состанок, катарските власти разговараа со претставници на Хамас за да добијат увид во тоа што групата може да се согласи.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка -12 степени, над нулата само во Велес и Гевгелија
-
Агенцијата за храна на ОН предупреди дека намалувањето на финансирањето е „смртна казна“ за милиони
-
Активна забраната за тешки товарни возила на патот Тетово - Попова Шапка
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница
-
Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
-
Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата
-
Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска
-
Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди