Приведено е лицето кое го симна знамето на МПЦ од манастирот на Попова Шапка и го замени со албанско знаме

Од МВР соопштуваат дека полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица.
Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.
Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово, а настанот беше евидентиран преку камери за видео надзор.
Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, според него, вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на МПЦ- Охридска Архиепископија. Тој обвини дека овој чин има за цел предизвикување омраза и раздор и побара сторителите да бидат најстрого санкционирани.
- Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество, напиша меѓудругото Сотировски.
За провокацијата реагираше и Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии, напиша Велјановски на неговиот фејсбук профил.
Провокацијата следи откако лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, побара да се отстрани 15 метарскиот крст од манастирскиот комплекс, на што пак остро реагираа македонските партии и Комисијата за односи со верските заедници бидејќи крстот е на црковен имот.
Ново на Сител
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
-

Многу студена новогодишна ноќ, силен северен ветер и температури до -15 степени
-

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар
-

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
-

Тажна вест: Почина познатиот скопски угостител Боби Ле Петит
-

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
-

Девет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 година
-

Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје
