Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 4 милиони евра во Македонски Брод за инфраструктурни проекти
Почитувани,
Денеска ја продолжуваме нашата теренска активност „Важно е! Од тебе зависат промените“. Денеска сме во Македонски Брод, заедно со градоначалникот, заедно со претседателот на општинскиот комитет, луѓето кои што се дел од администрацијата на општина Македонски Брод, но, исто времено и луѓето кои се симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Заедно со градоначалникот Жарко ќе направиме увид во неколку проекти кои што изминатиот период општина Македонски Брод ги има изработено и завршено. Но, истовремено ќе разговараме и за плановите во иднина. Планови кои се поврзани со работата на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и да видиме кои проекти ќе бидат опфатени од клучниот капитален проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ има намера да го реализира на цела Македонија, а тоа се децентрализација на средства од државниот буџет кон општините. Зборуваме за 250 милиони евра годишно, или зборуваме за проекти во вредност од 4 милиони евра кои ќе бидат реализирани во еден мандат овде во општина Македонски Брод.
Јас ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и тоа за нас претставува мотив како идна влада направиме уште повеќе. Знам дека секогаш постои простор за повеќе, не сакаме да ја изневериме довербата на граѓаните. И истата таа доверба сакаме да ја заслужиме на следните претседателски и парламентарни избори, кога очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и голема победа на кандидатот кој ќе биде предложен за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Така што денеска продолжуваме понатаму во Македонски Брод, заедно со Бисера, со Жарко и се надевам дека ќе покажеме дека не се сите исти, дека има разлика. И додека овие кои што уште малку време ќе бидат во владата на СДСМ и ДУИ, денот го поминуваат мислејќи како повеќе да крадат, и оние кои што се дел од ВМРО-ДПМНЕ градоначалниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, администрацијата и советниците кои што денот го поминуваат размислуваат како да изработат проект повеќе за потребите на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Украина и Русија разменија нова група затвореници согласно договорот од Истанбул
-
Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање