Тужба околу хит на Тупак за авторски права

Музичар кој работи како возач на автобус во Њујорк, САД, поднесе тужба за авторски права, оти, како што вели - „не добил соодветни заслуги“, т.е. не е доволно платен за неговата работа на песната „Dear Mama“ на покојниот рапер Тупак Шакур.
Теренс Томас се занимава со диџејство и продуцирање под името „Мастер Ти“. Тој тврди дека придонел за создавањето на таа легендарна песна, па во тужбата се цитираат и стари интервјуа со Тупак, како и рачно напишани белешки, во коишто Томас е именуван како творец на оригиналниот ритам на песната.
Тој вели дека го запознал Тупак во 1993 година. Со него ја снимиле „Dear Mama“ во октомври истата година. Во тужбата се наведува и изјава на Тупак од 1996.: „Мастер Ти ми го даде ритамот за песната. Тој ми го даде ритамот, а јас го напишав текстот“.
Фејсбук-објава на обожавателската страница посветена на Тупак во 2015. ја повторува таа изјава и нагласува дека песната е едно од првите хип-хоп дела што некогаш биле ставени во Библиотеката на Конгресот на САД.
Иако Теренс е наведен како копродуцент на песната, тој верува дека „никогаш не ги добил соодветно и целосно заслугите“ за неговите авторски права. Наместо тоа, наведува тој, „групата“ предводена од Тони Пизаро (кој се смета за водечки продуцент на оваа песна) „заговарале и заедно дејствувале за да присвојат што е можно поголем дел“ од уметничкото дело, „исклучувајќи го“ него.
Ново на Сител
-

Орбан: Јас сум одговорен за неуспехот на изборите, потребна е целосна обнова на десницата
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
-

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција
-

Сиљановска - Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение
-

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години
-

Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
