Општина Тетово најави дека ќе има нов стадион, Касами објави дека е отворен тендер за реконструкција на овој објект
Општина Тетово преку соопштение најавува нов стадион во Тетово, а на Фејсбук градоначалникот Биљал Касами напиша дека е отворен тендерот за реконструкција на овој објект.
На 21 септември годинава Општина Тетово информираше дека градоначалникот Биљал Касами имал средба со сопственикот на компанијата „Еколог“ Лазим Дестани, како и дека се најдени решенија околу градскиот стадион, но без да дадат детали. Фирмата „Еколог“ во претходниот состав на општинскиот Совет доби концесија за управување со стадионот.
- По само две години одлучност и посветеност да им служиме на нашите граѓани, успеавме да направиме видлива разлика, која покажува дека можеме да го промениме ликот на нашиот град. Денеска со гордост најавуваме дека Тетово ќе добие нов и модерен стадион! Во краток период од две години владеење, работевме посветено и одлучно да ја донесеме спортската инфраструктура на високо ниво во нашиот град. Новиот стадион е одраз на нашите напори да изградиме средина погодна за развој на спортски настани и да поттикнеме страст за спортот меѓу нашата заедница. Ова е само почеток на долгото патување кон развојот и напредокот на Тетово, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово.
Неодамна клубовите „Тетекс“ и „Љуботен“ (машка и женска екипа) реагираа дека не добиваат од Општината согласност за натпреварување на новиот и стариот градскиот стадион. Тогаш од Општината информираа дека за сите клубови што не се во Прва лига дека ќе се уредат други терени на Спортско-рекреативниот центар во Тетово како и во Сараќино.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава