Средба на претседателот Пендаровски со хрватскиот претседател Милановиќ
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, којшто се одржува во Скопје.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот на Западен Балкан.
Во таа насока, биле разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.
Двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразиле подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамки на НАТО.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.
Ново на Сител
-
Тошковски - Дачиќ: Скопје и Белград ќе ја продлабочуваат соработката за намалување на метежот на граничните премини
-
Рафаел Надал со емотивно видео стави крај на својата кариера
-
Шведската полиција истражува вооружен инцидент во близина на израелска фирма во Гетеборг
-
Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица на Табановце, судија ги протера од државата на една година
-
Таравари: Денеска планирам прес за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе
-
Клоп: Мојата улога е да бидам ментор на тренерите во системот на Ред Бул
-
Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – Прв бод за битолчани во Лига на шампионите