Столтенберг од Скопје го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Скопје пред почетокот на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за ослободување заложници.
-Го поздравувам договотот меѓу Хамас и Израел што треба да доведе до ослободување на заложниците и ќе овозможи доставување на хуманитарната помош, рече Столтенберг.
Столтенберг, кој е во официјална посета на Скопје, ја посочи Северна Македонија како земја која е успешна во многу работи, вклучително, како што рече „и успешно мултиетничко општество, кое им демонстрира на регионот и на светот дека луѓе со различна позадина можат да живеат заедно на мирен начин“.
- Северна Македонија е високо вреднувана алијанса и тоа се гледа од фактот дека самитот на НАТО лидери денеска се одржува тука. Ќе дискутираме за безбедноста со лидерите, но и ќе се осврнеме на предизвиците со кои се соочуваме надвор од границите на овој регион, рече Столтенберг.
Согласно договорот, се очекува да бидат ослободени 50 киднапирани заложници од страна на Хамас во следните четири дена, период во која ќе има и пауза во непријателствата меѓу оваа терористичка организација и Израел.
Ново на Сител
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
