Зеленски го разреши командантот на медицинските сили и најави големи промени
Володимир Зеленски побара брзи промени во операциите на украинската армија и најави разрешување на командантот на нејзините медицински сили. Одлуката на украинскиот претседател беше објавена вчера по неговата средба со министерот за одбрана Рустем Умеров.
Потегот на Зеленски доаѓа во време на засилена дебата за спроведувањето на 20-месечната војна против Русија, со посебен фокус на прашањата за тоа колку брзо продолжува контраофанзивата на исток и југ.
„На денешната средба со министерот за одбрана Умеров беа поставени приоритетите. Останува малку време да се чекаат резултатите. Потребна е брза акција за претстојните промени“, рече украинскиот лидер во синоќешниот говор, пренесува Гардијан.
Зеленски потврди дека го разрешил генерал-мајор Тетијана Осташченко од позицијата командант на медицинските сили. „Задачата е јасна, како што е постојано нагласено во општеството, особено кај борбениот медицински персонал, ни треба фундаментално ново ниво на медицинска поддршка за нашите војници“, рече тој.
Тој тврди дека ова вклучува цела низа прашања. Умеров ја потврди промената преку апликацијата за пораки Телеграм и ги постави дигитализацијата, „тактичката медицина“ и ротацијата на услужниот персонал како врвни приоритети.
Инаку, украинската армија известува за напредок и за повторно преземање на окупираните територии на исток и југ, а минатата недела објави дека нејзини војници ја презеле контролата врз териториите на источниот брег на реката Днепар во областа Херсон.
Ново на Сител
-
Трибина за Оперативниот план 2025: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
-
Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28
-
Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради ревијална трка
-
ОЈО: Градоначалничката како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости
-
Трибина во врска со Оперативниот план 2025 „Визија за промена“
-
Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци
-
Учениците полагаат државна матура, МОН и ДИЦ им посакаа успех и очекуваат да помине во најдобар ред