Брнабиќ: Ако немате инфраструктурно поврзан регион, не е реално да можете на ефикасен начин да го извезувате произведеното
Инфраструктурното поврзување помеѓу земјите во регионот е од клучна важност за бизнисите и за луѓето, истакна денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.
- Ако немате инфраструктурно поврзан регион, не е реално да можете да извезувате на трошковно-ефикасен начин се она што го произведувате. Но, исто така не е реално ни да инвестирате во идното поврзување на луѓе ако немате патишта. Денес каде што немате пруга, немате ни размена на млади, ни какво било дополнително поврзување кое гарантира друга иднина за разлика од онаа што ја имавме во минатото, рече Брнабиќ во одговор на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата на Србија.
Заотоа, како што рече, денеска е голем и важен ден затоа што со потпишувањето на Меморандумот за изградба на железничка мрежа со високи перформанси, не ги поврзуваме ние само Ниш и Скопје, туку Скопје преку Ниш и Белград и Суботица со Будимпешта и понатаму со Централна и со Западна Европа.
-Едноставно ја поврзуваме целата ЕУ со железничкиот коридор до Солун, до Атина и се разбира до пристаништето во Пиреја што значи потполно поинаква иднина за овој дел од светот, овој дел од Европа. Овие проекти се исклучително скапи проекти, но сепак, железничката инфраструктура, железничкиот транспорт е приоритетен во рамките на транспорната стратегија на ЕУ која се води под мотото „Зелен и дигитален“ и тоа е иднината и ние денеска со нашата работа ја покажуваме нашата посветеност на таа иднина, потенцира Брнабиќ.
Нагласи дека како Република Србија многу работеле и дека веќе го завршиле патниот Коридор 10 - целосно поврзување од границата помеѓу Република Србија и Хрватска, но и Унгарија и Србија низ целата должина на Република Србија и долу јужниот крак до границата со Северна Македонија и источниот крак до границата со Бугарија.
- Продолжуваме со поврзување со изградбата на автопатот Милош Велики до Пожега, па понатаму кон Сараево и кон границата со Црна Гора. Железничкиот коридор почнавме да градиме сега од Ниш до Димитровград, значи дополнителен железнички коридор со Бугарија, па поврзување со Северна Македонија, имаме план поврзување и со Црна Гора и разговараме за железничкиот Коридор Белград – Загреб – Љубљана кој дополнително би не поврзал со Австрија и Италија, потенцира Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
