ВМРО-ДПМНЕ: На ДУИ и СДС поважни им се црните бизниси, отколку реформи
Македонија прв пат во историјата доби извештај, во кој ЕУ заклучува, дека нема напредок на државата во скоро сите полиња, а најлоша е состојбата во судството, владеењето на правото и распространетата корупција, во сите сфери на општеството.
Коруптивните Ковачевски, Ахмети, Груби и останатите функционери на ДУИ и СДС, место да спроведуваат реформи, во меѓувреме си тераа милионски бизниси за нив и нивните роднини и мува не ги лазеше за Македонија.
Гледаат до крајот на нивниот мандат, само да се нафатираат уште колку можат, на грбот на народот, да изнакупат, што повеќе имот во центарот на Скопје, да ги прошират своите бизниси, но и да спроведат нов арач за лојалните и чесните компании.
Единствен излез за државата и граѓаните се следните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи сите нив заедно на куп, со огромна разлика и ќе почне Македонија да се враќа на правиот пат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
