Статистика измери двојно пониска инфлација, власта задоволна - ССМ се сомнева во бројките
Двојно пониска инфлација во октомври, објави статистиката. Трошоците за живот од 6,6 % во септември, минатиот месец пораснале за 3,5 осто, во споредба со истиот период лани. За владата – падот на цените се должи на нивните мерки за замрзнуввање на цените на основните прехранбени производи.
- Инфлацијата во делот на основните прехранбени производи во октомври е под 2%, а вкупната инфлација е преполовена споредено со претходниот месец. Тоа уште еднаш покажува дека мерките кои ги носиме се во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард”, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
За Синдикатот пак – бројките кои ги објавува статистиката се нереални и ќе побараат ревизија на истите. Сметаат дека а месечно 4 члено семејсто не го крпат 50 илајди денари , за да преживее.
- Ние во Сојуз на Синдикати се прашуваме на што се должи падот на инфлацијата, имајќи в предвид дека замрзнатите цени на основните прехранбени производи не вродија со плод. Затоа што ако видиме не е ни 1,000 денари намалена кошничката за овие 3 месеци, за да биде инфлацијата за еден месец намалена за 3,3%. Навистина е најсно и сметаме дека се прават вештачки напори за да падне инфлацијата. Ние ќе бидеме приморани за да направиме ревизија на бројките, изјави Иван Пешевски, ССМ.
Валдините оечкувања се дека крајот на годината инфалцијата ќе се спушти под 6%., а за помош на граѓаните веќе се подготвува и новиот пакет антикризни мерки, кој ќе биде објавен до крајот на следната недела.. Но анкетата што ја направи Фајнанс Тинк покажува дека над две третини од граѓаните очекуваат цените да продолжат да раст. Дури 41% сметаат дека цените ќе растат со посмирено темпо, а 33 со засилено. Само 13 отсто очекуваат цените да почнат да се намалуваат.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар