Израелската армија уби тројца Палестинци во окупираниот Западен Брег

Израелските сили денеска убија тројца Палестинци во два града на окупираниот Западен Брег, каде насилството се интензивираше од 7 октомври, кога почна војната меѓу Израел и Хамас.
Двајца Палестинци беа убиени во напад на израелските сили на Абу Дис, палестинско село одвоено од Ерусалим со високо безбедносен ѕид.
Едниот од нив бил застрелан во градниот кош, а уште шест лица се повредени.
Уште еден Палестинец е убиен во градот Нуба, северозападно од Хеброн.
Во меѓувреме, 17-годишен Палестинец почина во неговиот дом во Ерусалим, од повредите здобиени од огнено оружје пред неколку дена во неговиот дом во Ерусалим.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, повеќе од 150 Палестинци се убиени од израелски војници во окупираниот Западен Брег, а во некои случаи убиени се и од еврејските доселеници.
Ново на Сител
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина
-

Трамп вели дека мостовите и електричните централи во Иран се следните цели
-

Променливо облачно со повремен локален дожд
-

Повторно раст на цените на нафтата
