СПМ: Опозицијата настапува принципиелно, цврсто и државнички во одбрана на националните интереси

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека неодговорната и неиздржана теза на вицепремерот Маричиќ да се расправа за наводното блокирање на опозицијата на патот на Македонија кон ЕУ е показател дека не е дораснат на функцијата што ја има.
На сите им е јасна позицијата на Социјалистичката партија на Македонија и на сите политички партии во опозициската Коалиција „Обнова на Македонија" за причините за неприфаќање на уставните измени, освен нему и на премиерот Ковачевски, кои упорно и тврдоглаво инсистираат да се исполнат бугарските империјални барања.
Со сатирични тези Маричиќ настапува трагикомично и надвор од реалноста барајќи 80 пратеници кои ги нема и нема ни да ги најде.
Одговорноста за потчинетата состојбата во која, ни најмалку проевропската и секако антимакедонската влада на СДС и ДУИ, ја доведуваат државата мора да ја прифатат. Тоа мора да го прифатат и Ковачевски и Маричиќ и Османи и сите кои без исклучок вршат национално предавство.
Како претскажувач Маричиќ предвидува што ќе се случи доколку нема уставни измени и гради сценарио кое соддржи ветер и магла за заплашување на граѓаните и простор за избегнување лична одговрност за негативните политики што ги води.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека опозицијата настапува принципиелно, цврсто и државнички во одбрана на националните интереси кои не смеат да бидат погазени по ниту ниедна цена, па ниту под уцените од ЕУ која застанувајќи зад бугарските барања не го согледува проблемот кој на тој начин го создава потценувајќи ги македонскиот народ и држава.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
