Мицкоски: Проверуваме документи од свиркачи за злоупотреби на Онкологија во 2023 година
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека проверуваат тврдења од свиркачи што ги добиле пред неколку дена во однос на злоупотреби на Клиниката за онкологија кои се однесува за годинава.
При денешната посета на Општина Лозово Мицксоки најави дека деталите ќе бидат објавени за скоро време.
Забележа дека работата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија на површина изнела како што вели, навистина катаклизмични и шокантни информации.
-Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва и документи и таков еден случај прилично документиран темелно и јасно добивме пред неколку дена, го истражуваме, го анализираме, којшто се однесува за сега, не за минатото, бидејќи Анкетната комисија го опфаќа периодот до 2021 година. Јас зборувам за сега во 2023 година и ако тоа се потврди за точно, тогаш навистина морам да кажам дека имаме работа со монструми, а не со луѓе, вели Мицкоски.
Според него, „и покрај скандалот со терапиите за пациентите на онкологија тие потворно продолжуваат со злоупотреби, кои имаат нечовечки размери“.
-Ние планираме со ова да излеземе во јавност, доколку ова што го достави свиркачот се потврди како точно и имаме намера да му отвориме на обвинителството сериозна работа, бидејќи гледаме дека истрагата во Министерството за внатрешни работи се калкулира, се препелкаат. Тогаш ние имаме намера да ја преземеме работата во свои раце и да одиме до крај, вели Мицкоски.
Прашан дали може да изнесе детали за новиот случај поврзан со Онкологија, Мицкоски со одговор дека се уште се проверуваат и прашање е на часови или на денови кога тој лично ќе ги презентира на јавноста.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
-
Најмалку десетмина загинати во пожарите во Лос Анџелес
-
Истрага за изнуда и палење автомобил во Штип против двајца соизвршители, определен притвор
-
Без струја дел од корисниците на бул. „Илинден“ во Карпош и во Црниче, Кисела Вода
-
Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути
-
Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“
-
Официјални лица по грешка испратија предупредување за евакуација на поширокиот округ на Лос Анџелес
-
Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари