Штипската Клиничка болница гради објект за нов агрегат
Во Клиничка болница-Штип се гради објект во кој ќе биде сместен нов агрегат, со кој сите одделенија во болницата ќе добијат стабилно електрично напојување, информира денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова.
- Изградбата на оој објект има финансиска конструкција од 1. 500.000 денари, а средствата се обезбедени од сопствениот буџет на болницата. Во моментот штипската болница располага со агрегат произведен во педесетите години, вели Папарова.
Изградбата на новиот објект за агрегатот во Клиничката болница се очекува да трае до месец март, а по сервисирањето на агрегатот, според Папарова, на него ќе бидат приклучени и операционите сали на офталмолошкото и одделението за уво, нос и грло.
Штипската Клиничка болница со сопствени средства се модернизира и го санира просторот каде што е сместена и администрацијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице