Македонија
29. October 2023 - 16:38

ВМРО ДПМНЕ: Именувањето на Миликије Халими за директор на АД „Аеродроми“ е срам за Македонија

Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми во државна сопственост е срам за Македонија, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Во писменото соопштение од опозициската партија прашуваат со што поранешната градоначалничка на Арачиново ја заслужила позицијата, кои се нејзините квалитети и дали има соодветни вештини, знаење или искуство?

- Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на „Миликије- кадровски политики“ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат, се вели во писменото соопштение од ВМРО ДПМНЕ во кое го повукуваат Премиерот Ковачевски да одговори како екс градоначалничката од редовите на СДСМ е избрана да раководи со државното претпријатие.

Од Владејачката партија пак и вчера и денес молк за наначувањето на Миликије Халими за генерална директорка на аеродромите во делот кој не е под концесија на ТАВ.

Од прес службата на Владата вчера информираа само за технички работи на која седница е избрана, но без детали со какво образование и квалификации.

Молк и кај владините коалициони партнери, но изборот на поранешната градоначалничка на Арачиново за директорка на АД Аеродроми ги зовре социјалните мрежи. Најмногу се коментира за нејзиниот работен ангажман со средно медицинско како инспекторка во Царина. Од таму пак лани образложија дека таа имала завршено и Педагошки факултет, но за таа позиција се барал човек со средно или вишо образование без искуство.

Миликије Халими е топ тема и на социјаланта мреже X (икс) каде меѓу другото коментираат и за тоа кој ќе вработи 300 пилоти од Арачиново, за што жителите тврдеа дека им било ветено во изборната кампања кога Халими од СДСМ стана градоначалничка.