Протестен собир во Брисел за поддршка на жителите во Газа

Неколку илјади лица попладнево учествува на протест во Брисел за поддршка на жителите на Газа, организиран од неколку белгиски синдикати и невладини организации.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според организаторите на протестот, на него учествувале околу 25.000 лица, додека, според белгиската полиција, на собирот присуствувале 12.000 луѓе.
Протестот започна пред седиштето на Европската комисија, од каде демонстрантите се упатија на марш низ околните улици, кој заврши на почетната локација – плоштадот „Шуман“ пред зградата на ЕК.
Учесниците на протестот носеа палестински знамиња и транспаренти со пораки за поддршка за Палестинците и за прекин на „масакрите во Газа“, но и „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“ и „Капитализмот е вистинската бомба“.
Организаторите на собирот, меѓу кои и Генералната федерација на трудот на Белгија, Конфедерацијата на христијански синдикати, Белгиско-палестинската асоцијација, организацијата Координација и иницијативи за бегалците и странците, Христијанското работничко движење, Националниот центар за развојна соработка и здружението Женски живот, ја повикаа Европската Унија да направи се што е во нејзина моќ да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа, како и да се заштити целото цивилно население и да му се овозможи пристап до меѓународна помош.
Уште при најавата на протестот, организаторите апелираа тој да биде мирен, да нема оправдување за воените злосторства, напади врз цивили или каква било манифестација на антисемитизам или која било друга форма на расизам, а во неколку наврати и на собирот потсетија дека не сакаат никакви антисемитски или пораки против еврејскиот народ.
- Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз цивилното население, вклучително и оние извршени од Хамас од 7 октомври врз израелски цивили, кои резултираа со стотици загинати. Сепак, ниту еден напад не може да го оправда непочитувањето на правилата на војување, беше наведено во прогласот на организаторите на собирот.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
