Лидерот на СИРИЗА ќе стапи во брак со својот партнер
Претседателот на грчката опозициска СИРИЗА Стефанос Каселакис денеска во САД ќе стапи во брак со својот партнер, како што самиот соопштил вчера за време на состанокот на политичкиот секретаријат на партијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Со оглед на тоа дека во Грција не е легализиран бракот на истополови парови, Каселакис и неговиот партнер Тејлор Макбет ќе склучат цивилен брак во САД, каде што и живееја пред новиот лидер на СИРИЗА да ја достави кандидатурата за претседател на најголемата грчка опозициска партија.
Портпаролката на СИРИЗА Дора Авгери, говорејќи за телевизијата Опен, откри дека денешната церемонија ќе биде во кругот на семејството со еден сведок, а на лето Стефанос и Тајлер ќе направат прослава во Грција.
Авгери се осврна и на важноста и во Грција да се легализираат истополовите бракови, повикувајќи го грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да го направи следниот чекор во оваа насока.
– Многу е важно во 2023 година и како одминува времето да им се даде еднаква можност на луѓето да ги вкусат среќата и радоста онака како што тие сакаат. Без стереотипи и општествени принуди – рече портпаролката на СИРИЗА.
Каселакис отворено говори за неговата сексуална ориентација, нешто што го спомена и во видеото кога ја објави кандидатурата за претседател на СИРИЗА, додека пак неговиот партнер Тајлер е постојано со него.
Ново на Сител
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
