Израел ја затвори границата кон Либан и ги блокира ГПС услугите
Војската на Израел денеска забрани пристап во зона на 4 километри од границата со Либан и соопшти дека намерно ги заглавува ГПС услугите таму и на јужниот фронт со Газа како дел од своите операции. Прекинот на ГПС може да влијае на функциите на апликациите, изјави главниот воен портпарол, контраадмирал Даниел Хагари, на платформата „Икс“.
Израелскиот советник за национална безбедност ја предупреди либанската милитантна група да не почнува војна на друг фронт, заканувајќи се дека ќе го „уништи Либан“ доколку го стори тоа. Цачи Ханегби рече дека Израел „се обидува да не биде вовлечен во војна на два фронта“ и го предупреди Хезболах да остане настрана од борбите.
Борците на либанскиот Хезболах денеска истрелаа наведувана ракета врз израелско село долж северната граница на Израел, при што загина едно лице, а се ранети уште три, соопштија милитантната група и израелските медицински служби. Штула е земјоделска заедница долж границата спроти либанската заедница Аита ал Шаб.
Израелската војска соопшти дека извршила контра напад во Либан како одмазда со истрелување 12 проектили врз областа Аита ал Шаб, според либански безбедносни извори. Според овие извори, Израел ги гаѓал и јужните либански населби Рмеиш и Рамија.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија