Израелски воени авиони го бомбардираа центарот на главниот град Газа
Израелски воени авиони синоќа и рано утринава го бомбардираа центарот на градот Газа, каде се наоѓаат министерствата на Хамас, откако израелскиот премиер се зарече дека одмаздата против исламската екстремистичка организација „ќе одекнува со генерации “.
Од почетокот на нападот на Хамас врз Израел, 1.600 луѓе се убиени, а илјадници се ранети од двете страни.
Во Израел за прв пат по неколку децении се водеа борби на улиците на пограничните населби, а цели населби во Појасот Газа се претворени во урнатини.
Хамас се закани дека ќе ги убие заробените Израелци доколку цивилите во Појасот Газа бидат нападнати без предупредување.
Израел соопшти дека Хамас и другите екстремистички организации во Појасот Газа држат повеќе од 150 цивили и војници заробени во пограничната област бидејќи нападот целосно ги изненади израелска војска и разузнавачки служби.
Израелската армија мобилизираше 300.000 резервисти и сега прашање е дали ќе започне копнена офанзива. Последен пат тоа се случи во 2014 година.
Илјадници Израелци се евакуирани од петнаесет гранични населби во близина на Газа, а тенкови и беспилотни летала се распоредени на местата каде што е пробиена граничната ограда.
Во Појасот Газа, десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови бидејќи зградите беа урнати во воздушни напади.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
