Претставена листата на најбезбедни земји во светот за 2023 година- Maкедонија на 38 место
Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. На оваа листа Република Северна Македонија е на 38 место.
Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани.
Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија – на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција. Подолу од македонската држава на списокот се наоѓаат Црна Гора – на 45. место, Грција (60), Босна и Херцеговина (61), а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот.
На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави.
ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.
Ново на Сител
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот