Косовското МНР до „Лакост“ за Ѓоковиќ: Лицето кое го спонзорирате го слави тероризмот
Министерството за надворешни работи на Косово му се обрати на модниот бренд „Лакост“, кој го спонзорира српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со прашање дали знаат дека тој спортист „ги слави терористите“, односно Србите кои загинаа во северно Косово, откако убија припадник на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
На својата официјална страница на платформата „X“ (поранешен Твитер), косовското МНР, покрај фотографија на загинатиот косовски полицаец, Африм Буњаку, го прашува „Лакост“ дали е сигурен дека сака нивниот „милијарда долари вреден бренд да биде поврзан со глорификација на тероризмот“.
- Африм Буњаку беше сопруг, татко, посветен слуга на својата земја и на сите нејзини граѓани. Тој беше убиен во грозоморен терористички напад кој го осудија и Соединетите Американски Држави и Европската унија. Лицето што го спонзорирате, Ѓоковиќ, ги слави тие терористи пред своите 13,9 милиони следбеници, напиша косовското МНР.
Српскиот тенисер на својата страница на Инстрагам сподели порака со која им оддаде почести на тројцата загинати од групата од неколку десетици Срби кои го извршија нападот во Бањска кај Звечане, во северно Косово, на 24 септември.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
