Балкан
23. February 2016 - 14:05

- Ќе му ја дадам мојата кожа само да е жив и здрав: Иван раскажа што се случило

19-годишниот Иван Петровиќ од Лазаревац кој се сомничи дека во петокот направи хорор кога го полил со бензин и го запалил својот сосед, 10-годишниот С.Ј. не признава дека е виновен за тоа што се случило и вели дека ќе ја даде и својата кожа само детето да преживее.

- Јас тоа го работам, тоа ми е хоби со огнот, но сепак не го запалив. Тоа го направи неговиот брат кој фрли шише кон мене во кое имаше запалива течност и одеднаш се пламна, вели 19-годишното момче.

Додава дека му е жал што се случила таква голема трагедија со неговиот бензин.

- Нека ме удри гром ако лажам, веднаш да умрам, да ме затрупа црна земја ако зборувам лаги. Ќе му ја дадам мојата кожа само да е жив и здрав. Јас не направив ништо, вели Иван.

Таткото на запаленото детенце вели дека неговите браќа постојано прашуваат за него, а Никола, еден од браќата пробал да го изгасне со голи раце.

 Како што дознава српскиот Курир, детето кое се здоби со тешки изгореници на целото тело, денеска ќе биде оперирано.