Македонија
24. July 2015 - 10:09

Познат идентитетот на момчето усмртено од воз во Ново село

Полицијата по завршување на увидот го утврди идентитетот на момчето кое вчера вечерта беше усмртено откако во него удри товарен воз кај новоселски пат кој сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево.
 
Станува збор за 27 годишниот Крсто К. од Скопје кој на повредите здобиени од ударот им подлегна на лице место. Неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукација.
 
Полицијата ги утврдува причините за несреќата, а како што неофицијално вчера објавија дел од медиумите, Крсто извршил самоубиство, поминувајќи ја пругата кога возот поминувал.

Ново на Сител