Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија
Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.
Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.
Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.
Ново на Сител
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
