ЦУК: Во последното деноноќие 24 пожари до утрово - активни само два
Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови интервенирале на 24 пожара, некаде заеднички - здружени од повеќе општини, а и со помош од локалните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР.
Утрово еден пожар се води како активен - во Општина Прилеп, кај с.Алинци, каде што гори ниска вегетација, се уште чади само депонијата што исто така е опожарена, а пријавен е уште еден пожар. Регионалниот ЦУК Прилеп извести дека околу 04:40 часот утрово избувнал пожар при што гори ниска вегетација и деградирана шума кај с.Небрегово, во Општина Долнени. Во гаснењето на пожарот, интервенирале четири пожарникари од ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило.
Вчерашните изгаснати 24 пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума, биле во 12 општини: Илинден, кај с.Бучинци; Петровец, Стрелиште Чојлија; Општина Долнени, кај с.Слепче, с.Гостиражни, с.Секирци, с.Стровија и кај с.Новоселани; Прилеп, кај с.Загорани и кај кај фабрика „Комфи Ангел“; Крушево, с.Норово; Кривогаштани, 1 с.Кривогаштани; Струмица, кај с.Сушица, с.Куклиш, с.Вељуса и кај с.Водоча; Гевгелија, с.Ново Конско; Кичево, с.Челиковци; Куманово, кај населбата „Бедиње“ и кај с.Романовце; Липково, кај с.Матејче и кај с.Ваксинце и во Општина Кратово, кај с.Коњух, каде што горела ниска вегетација, грмушки, ниска шума, една штала и неколку напуштени куќи, информираат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Уапсени директори на супермаркети во Мјанмар поради тоа што продавале ориз по многу високи цени
-
МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах