Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“.
Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што започнува во 15:00 часот по македонско време и може да се проследи во живо на Home | UN Web TV General Debate - General Assembly, 78th session.
Предвидено е претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на која претседателот Пендаровски ќе ја одликува Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија и ќе му го врачи одликувањето на генералниот секретар Гутереш. Организацијата на Обединетите нации се одликува со Орден на Република Северна Македонија за големата помош и поддршка при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на Градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.
Со денешните активности претседателот Пендаровски го завршува учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, утре ќе отпатува во Чикаго, каде ќе присуствува на хуманитарната гала вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на бордот на директори на „Македонија2025“ и ќе го одликува главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“.
Калхун се одликува за неговиот особен и посветен придонес во развојот и унапредувањето на македонско-американските стратешки и деловни односи и за економскиот напредок на нашата земја.
Ново на Сител
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
-

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени
-

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево
-

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска
-

Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски
-

Кина воведе санкции против американски поединци и одбранбени компании поради продажба на оружје на Тајван
-

Герасимовски: Новитет „центарска картичка“, зголемена поддршка за пензионерите и семејствата, мерки за подобар стандард за 2026
